Плажите во Охрид ниту се слободни, ниту се на граѓаните, смета опозициската ВМРО ДПМНЕ. Партијата не се согласува со локалната самоуправава и градоначалникот дека е воведен ред на охридските плажи и обвинува за селективност.

Георгиески селективно започна со отстранувањето на платформите кои повторно гледаме како се враќаат назад. Дали Георгиески застана само затоа што повторно започнува период на предизборни пазарења? Георгиески сега дозволи да се узурпира јавниот простор со лежалки, да има самоволна наплата за паркирање возила и слични дејности. – обвинува ВМРО ДПМНЕ.

Според опозицската партија локалната власт предизвикала ненадоместливи штети за туризмот, за угостителите и луѓето кои живеат од туризмот.

OhridNews