ВМРО ДПМНЕ обвинува дека е прекршен статутот на општината, бидејќи градоначалникот се’ уште нема назначено свој заменик од редовите на советот, на што е обврзан со законот за локална самоуправа.

„Во член 39 од Статутот на општина Охрид пишува: „Градоначалникот со решение определува член на Советот кој ќе го заменува за време на спреченост или отсуство. Решението од став 1 на овој член Градоначалникот го донесува во рок од 30 дена од денот на преземањето на функцијата. Решението од став 1 на овој член се објавува во Службен гласник на општина Охрид“. Факт е дека Јован Стојановски и по нешто повеќе од 100 дена на функцијата сѐ уште нема назначено свој заменик. Со тоа го девалвира Советот како орган на општина Охрид и претставнички орган на граѓаните, ставајќи ги советниците во подредена позиција.“ – стои во писмената реакција на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид.

Опозицијата бара градоначалникот да објасни кои се причините што се’ уште нема назначено свој заменик.

OhridNews