МВР ги потврди информациите дека лице од с. Љубаништа вработен како шумочувар во НП Галичица, подолг период врши пустошење на шуми, злоупотребувајќи ја долги години службената позиција за остварување имотно правна корист, велат од ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид.
Доказ за тоа е поднесената кривична пријава од страна на МВР против истото лице. Со ова се докажа дека нашите тврдења се основани и дека МВР како и ОЈО треба да ја прошират истрагата бидејќи гореспоменатото лице има низа вакви злоупотреби. Исто така укажувавме дека раководството на СДСМ Охрид, помогнато со партиски моќници изврши огромни притисоци врз ЈУНП „Галичица” да го вработи синот на гореспоменатиот обвинет шумочувар, кој воедно е претседател на СДСМ во с. Љубаништа иако истиот не ги имаше исполнето условите пропишани на јавниот оглас, но мораше да се награди криминалот. – стои во партиското соопштение.
Според ВМРО ДПМНЕ, ЈУНП „Галичица” е заробена институција и е под огромен партиски притисок на општинската СДСМ. Доказ за тоа, велат од оваа партија,, се соопштенијата потпишани од речиси сите вработени без оглед на партиска и било каква припадност проследени до медиумите, до сите домашни релевантни институции, како и до сите меѓународни фактори и европски амбасади, за огромниот притисок и несовесно работење на поединци на штета на установата и вработените, како и на сите жители и посетители во паркот.
Отттука ги повикуваме сите надлежни институции: МВР, Обвинителство, Финансиска полиција, Антикорупциска, најитно да извршат увид на овие нерегуларности согласно нивните законски надлежности и да го расчисти криминалот, а со цел да се ослободи и профункционира установата. – стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид.
OhridNews












