ВМРО – Народна партија целосно го поддржува штрајкот на лекарите во Охрид и во Република Македонија и има разбирање за нивните барања. Од оваа партија потенцираат дека ги охрабруваат докторите и останатиот медицински персонал до крај да издржат во своите барања и им порачуваат да не подлегнуваат на притисоците од режимот на Груевски.

– Откако целосно го уништија здравството во Охрид, откако оставија над 50 000 охриѓани без здравствена заштита, сега владеачката партија на секаков можен начин сака да го задуши штрајкот на лекарите. Тоа е главната карактеристика која ДПМНЕ ја покажа пред јавноста, својот диктаторски и недемократски стил на владеење, се наведува во соопштението испратено од општинската ВМРО- Народна партија.

Како што велат од општинската ВМРО- НП јавно го повикуваат режимот да престане цинично да се однесува и да ја омаловажува докторската фела, зошто на таков начин го урива еден од столбовите на Република Македонија.

–  Ние, како политички субјект, секогаш ќе го штитиме дигнитетот на докторската професија и секогаш сме на ставот дека само задоволни доктори, без никакви режимски притисоци, ќе генерираат квалитетно здравство, висок здравствен стандард и задоволни пациенти, велат од ВМРО- НП.

OhridNews