ВМРО- Народна партија го прифаќа предлогот за предвремени парламентарни  избори. Ова денес на прес конференцијата во Охрид го изјави претседателот на партијата, Марјан Додовски.


– Како политичка партија сме подготвени да излеземе на предвремени избори и упатуваме јавен повик до сите политички субјекти во земјава отворено да го прифатат предлогот. Предвремените избори се повеќе од потребни- социјалната и економска состојба се катастрофални, нема политички дијалог, а земјата е сепоизолирана во однос на меѓународната заедница, истакна Додовски.

Како што рече претседателот на ВМРО- НП, предвремените парламентарни избори треба да се распишат уште во текот на наредната недела, за граѓаните да можат што е можно побрзо да го дадат својот глас за оние кои сметаат дека треба да ја креираат иднината на македонската држава.


При тоа, Додовски рече дека Македонија не е подготвена за спроведување на парламентарни избори по моделот на отворени  листи. Тој смета дека би било добро доколку Македонија би била една изборна единица.

–  Република Македонија се уште не е подготвена за отворени листи. Овој модел, кој моментално го имаме, е најреален и најприфатлив, изјави Додовски.

Т. К.