
Според оваа партија најпосветена Влада на интересите на Охрид била таа на почесниот претседател на ВМРО НП, Љубчо Георгиевски, која реализирала капиталните објекти кои ВМРО ДПМНЕ и СДСМ не успеале да ги надминат во никој поглед, како што се изградбата на модерен автопат на релација Билјанини извори – Св.Стефан, изградбата на булеварот Туристичка, изградбата на Плаошник и реставрацијата на Самоиловата тврдина, возобновувањето на Античкиот театар, ревитализацијата на спомениците на културата, изградбата на пристапен мост до старото пристаниште, реновирање на повеќе училишта и изградба на спортски сали, изградба на водоводна мрежа и.т.н.
– Господо од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за капитални инвестиции може да зборувате само тогаш кога ќе направите подолг список на инвестиции од овој. Дотогаш граѓаните на Охрид и Република Македонија знаат дека златно време за Охрид со најмногу капитални инвестиции беше периодот кога премиер на Владата на Република Македонија Љубчо Георгиевски.- стои во реакцијата на ВМРО Народна партија.
OhridNews











