ВМРО – Народна партија Владата да ја реализира идејата за изградба на аеродром на Охридското Езеро до локалните избори.
-Секако дека со изградбата на овој аеродром нема да биде загрозена состојбата на Охридското езеро и нема да биде загрозена позицијата на Охрид како дел од УНЕСКО.Според нашите проценки, на тој аеродром би имало повеќе од педесет летови дневно, а бројот на туристи би се зголемил за некаде 70%. Со изградбата на овој аеродром ќе помогнат значително да се развие туризмот во Охрид. Само, со цел овој процес, да направат и прирачник како охриѓани треба да се однесуваат со туристите кои ќе доаѓаат на аеродромот на вода, како што тоа го направија со понужувачките рекламни спотови за туризмот.-се вели во соопштението на ВМРО НП.
Оваа партија побара новата инвестиција на езерото да биде свечено пуштена во употреба 20 дена пред избори.
-Исто така, ги повикуваме тој аеродром, свечено да го отворат, со сечење на црвена лента како што тоа го направија со новиот автопат од Охрид до Гостивар, како што тоа го направија со фабриката за автомобили, како што тоа го направија со дупките ископани кај Плаошник, исто како и тоа кога свечено ги отвараа затворениот базен, фудбалските игралишта и спортските сали што ги изградија во Охрид во нивното 6 годишно владеење.-стои во соопштението на ВМРО НП.