Државата да го ангажира Бирото за стокови резерви и да земе активно учество во откупот  на тутунот, побара ВМРО НП, чии претставници вчера остварија средба со тутунарите кои десетина дена со протести блокади бареаат решавање на проблемот со откуп на жолтото злато.
– Бирото за стокови резерви да земе активно учество во откупот како би можеле да се откупат вишоците кои се јавуваат како разлика од договорите кои ги имаат производителите во однос на потпишаните договори, имено се знае дека сите откупувачи имаат потпишано договори за откуп во кои се предвидени околу 170 кг на декар,а реалната состојба е производство на околу 250 кг на декар.Истите вишоци Република Македонија би можела понатаму да ги пласира со билатерални договори со земјите кои се големи потрошувачи како што се Украина,Кина,Русија, а истовремено со некои од тие земји имаме дефицит во трговската размена.-велат од ВМРО НП.


Оттаму сметаат дека Министерството  за земјоделство треба поактивно да ги ангажира своите служби  на откупните пунктови  како би имало пореални проценки на квалитетните класи.

Забележани се состојби на нереални проценки од страна на откупувачите кои сакаат да ја искористат оваа состојба на зголемено и поквалитетно производство.-укажуваат  од ВМРО НП.

OhridNews