Власта предводена од ВМРО – ДПМНЕ со поставувањето на двојазичните табли на ПИОМ во Охрид подмолно сака да ги испровоцира граѓаните на Охрид.
– Оние кои најмногу се декларираат како најголеми чувари на македонскиот идентитет, во спротивност на законот поставија двојазични табли на една од државните институции, каде покрај македонски, називите се и на албански јазик. Која е целта на власта со оваа провокација за граѓаните на Охрид?! Дали власта предводена од најмакедонската партија ВМРО – ДПМНЕ има црни сценарија за Охрид и охриѓани?! Дали ова е уште еден од штетните договори со нивниот коалиционен партнер во централната политика за државата?!, прашуваат од ВМРО- НП.
Оттаму, додаваат дека ВМРО – Народна партија будно ќе го следи целиот случај и секогаш ќе реагира на прекршувањето на законот, но и ќе се спротивставува на црните сценарија за Охрид.
OhridNews