ВМРО – Народна партија реагира на изборот за директор на „ Охридско лето“ од страна на министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
– Со изборот на Елизабета Јанкуловска, Владата уште еднаш покажа дека нема никаков интерес за Охрид. Се покажа дека сите игри околу изборот на директор на фестивалот беа само параван за крајната цел т.е. избор на директор кој не е охриѓанец, а во иднина најверојатно и селење на дирекцијата на фестивалот во Скопје. Тогаш „Охридско лето“ нека се одржува во Скопје, во новите барокни зданија! Или пак Владата носи “стручњак” од Скопје за да ги расчисти состојбите со фестивалот, веројатно слично како и со “стручњакот” Зоран Трајчески кој го донесе на неколку месеци во ЕМО – Охрид и јавноста многу добро знае како ги среди состојбите. Се прашува ли некој колку народни пари ќе чини директорувањето на директор од Скопје во Охрид?!, стои во реакцијата на општинската ВМРО- Народна партија.
Оттаму сметаат дека станува збор за уште еден пораз на раководните лица во општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид.











