Често пати во минатото ДПМНЕ бурно реагираше на поставувањето на тезгите на плоштадот кај чинарот за време на новогодишните и божиќните празници. Во годините наназад, тие тезги го нагрдуваа ликот на градот кој во тој период има зголемен број на туристи, истите тие тезги личеа на панаѓур и беа предмет на жестока критика од партијата која сега е на власт, велат од општинската ВМРО- Народна партија.

– После неколку години, откако ДПМНЕ ја презеде локалната власт во Охрид, тезгите иако го имаат истиот лик и покриени се со најлони, истите се во ред и не се грдото лице на Охрид. Зошто ДПМНЕ сега не реагира за тезгите како што тоа го правеше во минатиот период кога беше опозиција во Охрид?! Дали и сега тезгите се срам за Охрид?! Ова е една од илјадниците работи кои покажуваат дека ДПМНЕ ништо не променила со доаѓањето на власт во Охрид и дека критиките кои ги упатуваа како опозиција им биле само манипулирање со јавноста и собирање ситни дневно политички поени кај народот, се наведува во дописот од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews