На почетокот на туристичката сезона, Охрид се уште не е подготвен да ги пречека туристите, велат од општинската ВМРО- Народна партија. 

– Тоа што немаме туристи, во никој случај не смее да значи дека неподготвени треба да ја дочекаме и така кратката сеозна. Сега кога веќе навлегуваме во месец јули, кој треба да е центарот на сезоната, охридските улици се уште не се обележани. Сообраќајните ленти, пешачките премини и другата сообраќајна сигнализација е избледена  скоро до степен на незабележливост, додаваат од ВМРО- НП.

Оттаму, со прашање до Локалната самоуправа и Јавното претпријатие „Нискоградба“ зошто се доцни со активностите и зошто е стопиран процесот.

– Апелираме, Локалната самопурава, заедно со ЈП „Нискоградба“, што поскоро да ги обележат охридските улици. Знаеме дека во летниот период, интензитетот на сообраќајот во Охрид е значително зголемен, па оттука безбедноста мора да биде на највисоко ниво. Предупредуваме дека може да имаме катастрофални последици од ваквите доцнења и грешки, велат од ВМРО- НП.

OhridNews