ВМРО – Народна партија целосно ги разбира и ги поддржува вработените во некогашниот гигант ЕМО. Целосно застануваме зад нивна страна и ги поддржуваме во сите нивни барања, велат од општинската ВМРО- Народна партија.
– Работниците на ЕМО многу добро се сеќаваат дека во времето кога премиер на Република Македонија беше Љубчо Георгиевски, ЕМО беше втора фирма по обрт на средства во државата, претставуваше симбол на Охрид и секаде во светот беше позната со над 2.500 вработени. Тогашниот премиер, Љубчо Георгиевски, кога државата имаше потреба и даваше работа на ЕМО, а не ангажираше странски фирми како што е практика денес. За жал, властите кои дојдоа по заминувањето од премиерската функција на Георгиевски, а особено ВМРО – ДПМНЕ ја уништија една од најголемите фабрики. Денес, власта на ова ВМРО – ДПМНЕ, го уништи охридскиот гигант ЕМО и оние малку останати работници се оставени на милост и на немилост без плати и здравствена заштита, додаваат од ВМРО- НП.
Оттаму, со апел до локалната власт и градоначалникот да се заложат за решавање на статусот на фабриката и на работниците.
– Имајќи во предвид дека Бакрачески е член во Извршниот комитет на ДПМНЕ, може да влијае и да побара да се реши овој проблем кој ги засега над 200 негови сограѓани, велат од ВМРО-НП.
OhridNews