Во последниот период многу прашина се крена околу ректорот на државниот универзитет „Св. Апостол Павле“ во Охрид, Нинослав Марина. Поради конфликтот на ректорот со дел од вработените на овој универзитет, од работа беше отпуштен дел од наставниот кадар, се наведува во дописот на општинската ВМРО- Народна партија.

– Во јавноста протекоа документи од кои јасно се гледа незаконската постапка за избор на ректор на овој универзитет, но овојпат ВМРО – Народна партија нема да навлегува во законската регулатива, туку ќе ја гледаме идеолошката страна. Имено, Нинослав Марина е син на веќе лустрираниот судија на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов- Ченто, стои меѓу другото во дописот.

Од ВМРО-НП прашуваат до кога ДПМНЕ ќе ги фаворизира и ќе ги назначува на функции директните потомци на најголемите предавници на македонскиот народ.

OhridNews