Власта на ВМРО- ДПМНЕ во Охрид уште еднаш го покажа своето вистинско лице пред своите сограѓани и таман кога сите мислат дека го постигнале врвот со лагите, од владејачката партија покажуваат дека можат да одат уште повисоко, велат од општинската ВМРО- Народна партија.
– На лагите им нема крај. За потсетување, кога ДПМНЕ беше опозиција во Охрид пред околу две години, жестоко се спротивставуваше за намерата со јавно – приватно партнерство да се градат капиталните инвестиции како автобуската станица и слични на неа. Во изборната кампања, Бакрачески како да го прифати тој модел, а сега откако поминаа две години од неговиот мандат, тие не само што нема тоа да го прават со јавно – приватно партнерство, туку ќе го продаваат државното земјиште. Сето тоа остава сомнеж кај охриѓани дали воопшто ќе се изградат тие објекти откако земјиштето ќе премине во приватна сопственост, велат од ВМРО- НП.
Оттаму го повикуваат градоначалникот и ВМРО- ДПМНЕ да престанат да работат спротивно на интересите на охриѓани, за задоволување на одредени лични интереси.
OhridNews