Паднаа во вода сите ветувања во предизборната кампања на Бакрачески и ДПМНЕ дека нема да има политички реваншизам и отпуштање од работа на неистомислениците. Напротив, ваков политички реваншизам, каков што имаме во Охрид после локалните избори, не е забележан во историјата откако Република Македонија е независна држава, реагира ВМРО НП.

„Се отпуштаат работници и стручни лица, а секојдневно се примаат нови, партиски послушници на режимот. Тврдењето дека општинската администрација е пренатрупана е чиста манипулација со оглед на тоа дека новата систематизација предвидува скоро дупло повеќе вработени од претходната, а од локалните избори па се до денес има вработено повеќе од педесет нови послушници на режимот, кои со договор кои со решение.“-стои во соопштението. 

Најодговорни за тоа според оваа партија се градоначалникот, секретарот на општината и претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ. Нив им порачаа дека јавно ќе ги разоткријат сите подмолни игри кои, како што се наведува, придонесуваат за уништување на Охрид.

OhridNews