– Општо познато е дека неодговорниот начин на работење е препознатлив за оваа власт, но овде директно се загрозуваат животите на граѓаните. Доколку немаат кадар во редовите на нивната партија, нека постават стручен човек за таа работа. Барем на оваа одговорна функција нека постават стручен кадар.Покрај безбедноста на граѓаните и гостите, со ова значително се загрозува туризмот на Охрид, велат од оваа партија.
Прашуваат- уште колку жртви треба да има за Министерството и Владата да се свестат и да постават одговорно лице на оваа институција?! Кој ќе ја сноси одговорноста за овој хаос кој се плаќа по цена на човечки животи?!