ВМРО-НП во својата програма посебно внимание посветува на   економскиот развој на Република Македонија, а посебно на Југозападниот регион, кој го опфаќа изборна единица бр.5, а е најсиромашен во Република Македонија. Тоа е регионот кој има најголема невработеност, кој има најлоша патна инфраструктура и регион во кој најмалку се инветирало во последните 8 години, рекоа од ВМРО НП на денешната прес-конференција.

„Од друга страна, тоа е регион со најголеми природни богатсва, регион кој има огромни количини на железо, јаглен, дрвна маса и хидро потенцијал и регион кој е најголем производител на електрична енергија. Оваа влада, овие простори ги користи само како суровинска база за развој на скопскиот регион. Време е нештата да почнат да се менуваат и Југозападниот регион да си го добие своето заслужено внимание.Пратениците на ВМРО НП ќе се залагаат  за развој на три основни стопански гранки во овој регион, а тоа се: индустријата, земјоделието со сточарството и туризмот.“ – велат од ВМРО НП.

Оттаму потенцираа дека за да се поттикне индустрискиот развој на Југозападниот регион на Македонија, потребно е целиот регион да се прогласи за технолошко-индустриска развојна зона (ТИРЗ).

„За таа цел пратениците на ВМРО НП во македонскиот парламент ќе поднесат иницијатива за носење Закон со кој целиот простор на 5-таа изборна идиница ќе се прогласи за ТИРЗ. Идејата е поволностите и условите што ги имаат странските инвеститори во постојните ТИРЗ да се достапни и за нашите производни капацитети во Југозападниот регион. Поголем дел од производни капацитети во  сите општини во 5-тата изборана единица стојат празни. Не е потребно да се градат посебни индустриски зони. Не е потребно да се гради патна и комунална инфраструктура  на државна сметка кога веќе постојат објектите кои лесно може да се прилагодат за соодветно производство. Пратениците на ВМРО НП при утврдување на буџетот за 2015 година ќе се заложат за одвојување на финансиски средства со кои ќе се изработат генерални и Детални урбанистички планови на државна сметка за општините Охрид, Ресен, Битола, Крушево, Демир Хисар, Кичево Дебарска Жупа, Вевчани и Струга. На тој начин на овие општини директно ќе им се помогне во создавање предуслови за економски развој.“ – потенцираа од ВМРО НП.

Од партијата нагласија дека земјоделството и сточарстовото се стопански гранки кои се важни за развој на овој регион.

„Во овие стопански гранки егзистенција може да најде голем дел од населението во овој регион. Ние ја поседуваме најголемата фабрика на отворено небо, за која не е потребна заштита од кисели дождови, како што е случајот во развиените западноевропски земји. За да се поттикне интензивно производство на здрава органска храна   пратениците на ВМРО НП ќе се заложат за воведување на посебни субенции кои ќе бидат двојно поголеми од постојните, за производство на здрава  органска храна на надморска висина поголема од 750 метри. За да се зголеми производството на храна ВМРО НП ќе воведе нова стимулативна мерка за земјоделците, а тоа е исплата на субвенциии во вид на бесплатна вода за наводнувањете на насадите. Производство на здрава органска храна повеќекратно ќе се зголеми само ако југозападниот регион има разгранет меолиоративен систем кој ќе овозможи во потребните периоди од годината континуирано наводнување. Тенденција ќе биде овој регион да стане бренд на здрава органска храна.“ – велат од ВМРО НП.

OhridNews