Според општинската ВМРО- Народна партија екстерното тестирање кое го воведе актуелната власт претставува само уште еден во низата квази проекти на владата. Како што рече претседателот на ОК на ВМРО- НП целта на воведувањето на екстерното оценување е држење под контрола на професорите, родителите и учениците.
– Наместо учениците да се подготвуваат за матурски прославувања, тие се изложени на стрес. Затоа ние кажуваме дека по изборите, по 27 април ќего укинеме екстерното оценување, бидејќи станува збор за непотребен проект, рече Костоски.
Според него на просветните работници им е ускратена можноста да бидат креативни во своето работење.
– Наместо да им се овозможи на прфесорите да се креативни во предавањата, тие се ставени во шаблон, предаваат материја која не е соодветна бидејќи нема еден ист учебник по предметите туку различни , и времето наместо во креативност го трошат во административни работи, пишувања и запишувања, додаде Костоски.
Претседателот на ОК на ВМРО- НП изјави дека евидентен е и притисокот на просветните инспектори врз директорите на училиштата и професорите.
– Енормно високи се казните и во образованието, од 700 до 3000 евра се казните за професорите ако направат прекршок, однсоно ако не исполнат некоја од административните задачи, а еден професор има плата од 300 до 400 евра. Ние како ВМРО- НП ќе ги ослободиме професорите од овие стресови, казните ќе се намалат, рече Костоски.
Тој потсети дека по иницијатива на советничката група од ВМРО- НП, минатата година на советот на општината била изгласана одлука за бесплатен превоз за просветните работници во општина Охрид , која функционирала некоколку месеци, за по доаѓањето на новата локална власт да биде укината, за сега просветните работници да плаќаат 50% од трошоците за превоз.
OhridNews