Од општинската ВМРО- Народна партија со обвинувања до актуелната власт за меѓународна изолација, воведување на висока казнена политика, секојдневно задолжување на земјата и недемократија.

– Меѓународната изолација на Македонија од ден на ден е се поголема. Постарите се сеќаваат дека прв премиер кој потпиша договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ беше Љубчо Георгиески во 2000 година. Од тогаш навака, бевме пред Хрватска и сите балкански земји, а сега останавме на последното место во процесот на евроинтеграциите, рече претседателот на ОК на ВМРО- НП, Ванчо Костоски.

Во врска со казнената политика воведена во Македонија, Костоски потенцира дека станува збор за енормно високи казни кои не се својствени за држава, односно чија висина не е соодветна со економската и финансиската моќ на граѓаните и фирмите.

–  Секој ден Македонија се повеќе се задолжува, да не зборуваме за внатрешниот долг кој е уште поголем,а и никој никому не плаќа. Само во текот на минатиот ден се задолживме за 25 милиони евра за раздолжување кое треба да се случи утре. Следната 2015 ќе биде економски катастрофална ако продолжиме со ваквата политика на владата. Ако ДПМНЕ победи на овие избори, а треба да се врати долгот, наредните три години ќе нема редовни парламентарни избори, локални и претседателски, вие граѓаните нема да и сте потребни на ВМРО-ДПМНЕ како бројка за гласање и бидете сигурни дека од мај натака ќе почнат исупштања од работа од администрацијата, прво на оние со договор на дело и волонтери, а нема да има нови вработувања. ВМРО- НП нема да дозволи бркање на ниту еден вработен независно во која политичка партија членува, рече Костоски.

Костоски рече дека покачувањето на пензиите е уште една предизборна лага на владеачката партија затоа што станува збор за редовно усогласување на пензиите со порастот на просечните плати, а запраша и што се случува со најавениот проект на Субрата Рој. Костоски потенцира дека доколку продолжи актуелната политика во наредните години ќе продолжи и масовното иселување од земјата, со што Македонија ќе стане земја на стари луѓе и пензионери.

 

OhridNews