ВМРО – Народна партија со апел никој да не си поигрува со реномето на охридската гимназија, од која излегле генерации успешни ученици- пример за општеството.

– Јавно бараме одговор од раководството на гимназијата, но и од Локалната самоуправа- зошто на два пати беше раскинуван договорот и поништуван тендерот за организирање екскурзија и која е потребата од сето тоа. Дали тендерот треба да го земе некоја агенција блиска до власта, па тој да биде во ред и да не се поништи? Доколку има правни последици од цела таа приказна, кој ќе ги сноси одговорностите, прашуваат од ВМРО-НП.

Оттаму, додаваат дека се надеваат дека локалните власти нема да дозволат едно од најдобрите училишта во Република Македонија да го наруши својот углед, само поради еден тендер за организирање екскурзија.

OhridNews