
– Квалитетните кадри кои ги прокламира „движењето“, ги видовме на дело. Вчера бевме сведоци на една реакција во која нивото на комуникација беше спуштено на минимум. Жалиме што една толкава партија не покажа грам политичка култура. Во отсуство на познатите пера на ДПМНЕ од Охрид, поради оправдани причини или поради нарушени човечки односи, очигледно е дека таквото соопштение е напишано од крилото на ВМРО – ЈНА. Што се однесува на криминалните работи, опозицијата откако ја освои Општина Центар, се пронајдоа измами со милионски суми. Замислете колку криминал ќе се пронајде кога еден ден, за многу брзо, ќе треба да се прави ревизија во целата држава, се наведува во дописот од ВМРО-НП.
OhridNews











