На последната седница на Советот на Општина Охрид советниците од ВМРО – Народна партија не присуствуваа поради незадоволството од работењето на Претседателот на Советот, кој комуникациијата меѓу советниците ја сведе на најниско можно ниво и се стави во служба на поединци од локалната самоуправа со што целосно ја деградира позицијата на Советот. ВМРО – Народна партија се одлучи на ваков чекор како предупредување и искрено се надева дека во иднина ќе се подобри работата на Советот како би се избегла можна интерпелација на Претседателот на Советот, стои во испратениот допис од советниците од ВМРО- Народна партија .
– Последната седница уште еднаш ја потврди лицемерната соработката на ВМРО – ДПМНЕ со СДСМ и нивната служба во името на Градоначаникот Петрески. Советниците од ВМРО – ДПМНЕ во еден здив, заедно со советниците од СДСМ ги изгласаа сите урбанистички точки со што сами си згазија на своите зборови со кои се обидуваа да ја манипулираат охридската јавност до пред неколку месеци. Само за потсетување, ќе ги изнесеме следниве цитати: Пановски на 19 јули 2010 изјави: „И во иднина ќе гласаме против точките на дневен ред кои се однесуваат на урбанизмот и кои што се на штета на градот и на граѓаните. Советниците кои ги гласаат ваквите урбанистички планови треба да им се извинат на граѓаните за деградирањето на Охрид“. Дали треба да очекуваме од Пановски и од неговите колеги извинување во следните денови поради нивното гласање? Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов на прес-конференцијата на 03 јуни 2010 изјави „Во Охрид се случи нов урбанистички масакр”. Дали Михаилов прифаќа да биде оружје за масакрирање во рацете на Градоначалникот Петрески и што се тој добива за тоа и кој му ги дава тие инструкции? Воедно сакаме да ги испровоцираме медиумите кои секогаш до сега знаеле да го критикуваат работењето на Советот и Градоначалникот, посебно кога се носеле нови урбанистички решенија, но сега случајно или не воопштно не се осврнаа и не ги критикуваа урбанистичките решенија донесени од коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, стои во дописот.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com