Формирањето на Локалниот младински совет не претставува ништо друго, освен официјализирање на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ во еден таков совет, велат од општинската ВМРО- НП.

– На вчерашниот собир, не видовме ниту еден млад човек надвор од УМС на ВМРО – ДПМНЕ. Сакаме да потсетиме дека вакво тело веќе постои и е формирано од страна на Советот на Општина Охрид, а на иницијатива на Младискиот совет – Охрид. Во него учествуваат претставници на сите политички подмладоци, студентски и средношколски организации, невладини организации, спортски друштва и други млади кои сакаат активно да се вклучат во општеството, а имаше и акционен план кој исто така беше усвоен од Советот на Општина Охрид. Истовремено, ВМРО – Народна партија бара одговор од Локалната самоуправа и од Младинскиот совет – Охрид дали ова тело и понатаму ќе продолжи да функционира, каде беа опфатени сите млади и имаше свои резултати, додаваат од ВМРО-НП.

Според нив, формирањето на Локалниот младински совет е пример за партизирање на институциите.

– Младите не може да ги претставува УМС на ВМРО – ДПМНЕ. Во категоријата млади има и такви кои не се членови на т.н. движење ВМРО – ДПМНЕ, велат од ВМРО-НП.

Од партијата со став дека поделбата на младите не оди во добар правец, како за ВМРО – ДПМНЕ, така и за општеството.

OhridNews