– Како партија со демохристијанска идеологија, во овие моменти на жалост и тага можеа да почекаат и да ги одложат нивните партиски прослави и да покажат барем малку сочувство за убиството на момчињата. Толку ли брзо го заборавија овој злочин од кој се згрози цел Балкан?! Наместо да слават и да се веселат по комитски вечери во градовите, апелираме власта целосно да се посвети на откривање на сторителите на ова грозоморно дело и соодветно според законите, да ги казни, додаваат од ВМРО- НП.
Од оваа партија бараат министерката Јанкуловска да излезе и да ја изнесе вистината околу текот на истрагата, а не, како што велат од ВМРО- НП, да ја залажува јавноста со небитни информации и детаљи како наводно министерството за внатрешни работи напредувало во истрагата, а всушност се вртат во круг.
– Со ваквото однесување институциите ја губат довербата пред граѓаните. Крајно време е ДПМНЕ да престане да се однесува недолично и да покаже трошка морал, ако не спрема државата тогаш барем спрема убиените момчиња, наведуваат од општинската ВМРО- НП.