Како што велат од ВМРО-НП, буџетот на Општина Струга за 2012 година донесен е после 31.12.2011 година што е противзаконски. Овој буџет е донесен и со помош на гласовите од советниците на СДСМ.
– Зошто одлуката на Советот на општина Струга не е укината од Министерството за локална самоуправа и зошто не е поведена постапка пред Уставниот суд за утврдување на законитоста на таа одлука?! Ги прашуваме властите во Република Македонија, дали владеењето на правото функционира подеднакво на целата територија на Република Македонија или само селективно во македонските општини?!, прашуваат од ВМРО-НП.
Како што нагласуваат од партијата, со помош на гласовите од СДСМ во советот, донесен е и ДУП – от за крајбрежјето во Струга. При тоа, потесетуваат дека ВМРО – Народна партија била единствената партија во Советот на Општина Охрид која гласала против изградба на станбени објекти на крајбрежниот простор кај СРЦ “Билјанини извори”.
– Дали во Струга има тројна колиција и дали таа функционира во зависност од интересите на двете македонски партии, кои флертуваат со Градоначалникот Мерко?! Дали ваквото функционирање на овие две партии е во интерес на граѓаните на Струга, особено на македонското население?!, рече на денешната прес- конференција Ванчо Костоски, член на Извршниот комитет на ВМРО- Народна партија.