Откако ДПМНЕ одлучи сама да оди на избори без грам демократија и ја објави кандидатската листа за советници во Советот на Општина Охрид, не можеме да стоиме од страна и да бидеме неми на сите случувања. Не можеме да премолчиме на уништувањето на четирите свети букви ВМРО, стои во дописот од општинската ВМРО- Народна партија .

– Со објавувањето на кандидатската листа за советници, ДПМНЕ само се  потврди она што ние години наназад го говориме, дека во ДПМНЕ денес всушност е поранешниот трет ешалон на СДСМ. Денес, кандидатската листа на ДПМНЕ е составена со осумдесет проценти поранешни членови на СДСМ, тие кои не успеаа да се пробијат низ партиските органи на СДСМ, денес раководат со владеачката партија. Сосема го разбираме револтот во ДПМНЕ кај оние стари членови, кои учествуваа во градењето на партијата, но жално е што токму тие се исфрлени на маргините на партијата. Тешко е кога некој сосема друг раководи со нешто што си го создавал години, но уште потешко е кога те исфрлаат да бидеш само гледач од страна на сето тоа, се наведува во дописот.

Од ВМРО- НП упатуваат апел и ги повикуваат сите, како што велат,  вистински вмровци, на било која страна и да се,  да им се приклучат со цел да го вратат вистинското ВМРО и идеологијата како во старите добри времиња.

OhridNews