Гледајќи ги маркетингшките трикови на ДПМНЕ, со т.н. капања “Нов бран”, не можеме да се изначудиме на нивното ниско делување на политичката сцена во Република Македонија. Наместо да се занимаваат со својот рејтинг и да глумат спроведување на реформи пред јавноста, ги повикуваме да ја согледаат реалната социјална состојба на македонскиот граѓанин, велат од општинската ВМРО- Народна партија.

– Следејќи ги секојдневните информации во медиумите, сметаме дека социјалната положба на граѓаните во Република Македонија е алармантна. Секојднавните примери на убиства и самоубиства и причините за тие дејства, огромниот процент на зголемување на наркоманијата, критичната состојба со семејното насилство, зголеменото полнење на психијатриските ординации, но и масовното иселување на младите од државата кои спасот го бараат низ Европа и светот, се само еден мал дел ситуации со кои се соочува македонскиот граѓанин. Најголем дел од овие состојби се последица на катастрофалната екеномска положба на државата и доведувањето на работ на егзистенцијата на граѓаните, нагласуваат од ВМРО- Народна партија.

Од оваа партија додаваат дека во 2006 година, ДПМНЕ пред граѓаните се претстави како партија која економски ќе ја воздигне Македонија. – Денес, после сите поразителни официјални статистички бројки, сметаме дека “новиот бран” најпрво треба да започне од врвот на владеачката партија, па потоа да оди хиерархиски надолу во нивните структури, а не да глумат политиканство и да манипулираат со јавноста за некакви наводни реформи, поставувајќи лица на раководни функции од кои се очекува да донесат одреден број гласови на наредните избори, велат од ВМРО- НП.

OhridNews