На парламентарните избори во 1998 година, нашите истомисленици, на чело со лидерот Љубчо Георгиевски, гласаа за промени за достоинствен живот, во тоа време Македонија воскресна, како на економски така и на демократски план и воедно беше првата држава, која го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ. Денес, кога Македонија е последна во регионот во евроатланската интеграција, нарушени се основните демократски и човечки права, ВМРО НП изглегува со нова модерна, креативна, демократска програма со современи идеи за Македонија и македонскиот граѓанин која гласи – Европа сега, рече на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од ВМРО- НП, Крсте Ристески.

– Да се биде дел од ЕУ и НАТО, не значи да правиме „туристички екскурзии”, а да станеме полноправна членка на економско развиени држави, стабилни политички партнери, со стабилни институции, кои што гарантираат демократија, човечки права и почитување и заштита на малцинствата, слободна пазарна економија, слободно патување, како и да се биде конкурентно способен со другите држави од ЕУ. Кохезирањето со ЕУ значи отворање на граници и ослободување на патот на странски инвеститори, користење на европските фондови за развој и култура, инвестиции во селското стопанство, науката и образованието, социјалната политика и вработување, дирекни субвенции за македонските земјоделци кои ќе добивааат околу 300 милиони евра кои ќе доаѓаат од буџетот на Брисел без притоа да се задолжуваме, отворање на македонската бизнис клима на европските пазари. Кога зборуваме за Европа, ние зборуваме за пензија и минимална плата од 500 евра, за задоволување на основните секојдневни потреби, покачување на животниот стандарт и сето тоа со цел да се стимулира емиграцијата на македонскиот граѓанин. Кога зборуваме за НАТО имаме во предвид политичка стабилност и безбедност како на надворешен така и на внатрешен план, рече Ристески.  

Ристески додаде дека во последните неколку години во Македонија кулминираат меѓуетнички тензии, кои што лошо влијаат на внатрешната стабилност и кои што можат да доведат до нови конфликти и прекројување на границите на земјата.  Неизнаоѓањето на решение и компромис во однос на името води до дирекна блокада за членство во Северноатланската алијанса, а со тоа Македонија се доведува во ситуација да циркулира во затворен круг и да е надвор од безбедносниот систем на НАТО. Затоа ВМРО НП настојува за брзо решавање на спорот со името, без да биде нарушен идентитот и јазик на македонскиот народ, потенцира Ристески.

OhridNews