ВМРО НП реагира на обвинувањата и квалификациите дека таа партија е сателит на СДСМ, што на нејзина адреса ги упати ривалската ВМРО ДПМНЕ. Оттаму посочуваат дека  нема да одговорат на провокациите со наметнатиот стил, најавувајќи позитивна кампања на претстојните избори.

– За тоа дали сме нечии „сателити” ќе се потврди по одржувањето на овие предвремени парламентарни избори. Во однос на одржувањето на партиските митинзи, сметаме дека е најдобро да се одржуваат на градскиот полигон. Имено, на тој начин се овозможува поголем простор за присутност на граѓаните. Комуникацијата на објектот со Бул. „Туристичка“ ќе го намали сообраќајниот метеж, а со самото тоа ќе се заштити градскиот плоштад од непотребни депонии,  ќе се заштитат парковите и зелените површини.-се вели во реакцијата на ВМРО НП, која апелира до политичките конкуренти да се воздржат од изјави кои содржат говор на омраза.

OhridNews