Општинската ВМРО – Народна партија ги поздравува напорите на градоначалникот Бакрачески за подобрување на услугите на угостителските објекти и намалување на цените, потенцирајќи дека Охрид мора да има стратегија за подобрување на летната сезона, а услугите да бидат што поповолни.

–    Го повикуваме градоначалникот Бакрачески, за почеток да ги намали таксите што сопствениците на угостителските објекти ги плаќаат на општина Охрид и да ги намали давачките за поставување на урбаната опрема. Со тоа, ќе помогне и ќе придонесе да се намалат цените на производите и услугите. Сопствениците полесно ќе можат да ги намалат цените во своите локали, а Охрид да има подобра понуда во трката со другите туристички дестинации, велат од ВМРО- НП.

Оттаму, додаваат дека имајќи во предвид дека најголем дел од членовите на Советот на градски татковци се дирекно вклучени во создавањето на имиџот на туризмот во Охрид, односно се сопственици на угостителски објекти, да се вклучат во подобрувањето на услугите и токму тие да го започнат трендот на намалување на цените.

OhridNews