Од ВМРО – Народна партија ја поздравуваат средбата која вчера ја оствари градоначалникот Бакрачески со претставниците на спортските федерации, насочена кон развој на спортот во Охрид . 

– Посебен акцент градоначалникот Бакречески стави на формирање спортски училишни лиги како една од главните активности. Сакаме да го потсетиме градоначалникот и Локалната самоуправа дека тие спортски училишни лиги постојат години наназад. Во организација на Локалната самоуправа и Сојузот на училишни спортови, каде како главен иницијатор беше советникот Станковски, тие се одржуваат секоја година и во нив учествуваат многу ученици од основните и средните училишта. Учениците се натпреваруваат во фудбал, одбојка, атлетика, шах, пинг понг и уште многу други спортови, велат од ВМРО- НП.

Од партијата потенцираат дека ваквата активност не е никаква новина за развој на спортот во Охрид.

– Сметањето на времето не започнува со нивното доаѓање на власт. И пред тоа, Охрид живееше и се развиваше.Се надеваме дека новата Локална самоуправа, во најмала рака ќе продолжи да ги помага спортските клубови како што тоа беше практика до сега, а ќе бидеме сречни доколку тоа се прави со уште поголеми средства, велат од ВМРО- НП  .

OhridNews