Под мотото “Стоп за насилството кај младите – Надлежни, разбудете се!”, Унијата на млади сили на ВМРО – Народна партија започна интернет – кампања, против насилното однесување на младата популација, која беше актуелна во последниот период.

-Кампањата има за цел да ги намали инцидентите на младите во Република Македонија и да упати апел до надлежните институции кои се должни да се грижат за безбедноста и за младите совесно и одговорно да си ја вршат својата должност и да ги пронајдат сите сторители на овие дела кои ги подгреваат меѓуетничките односи, велат  од партијата.

Од таму појаснуваат дека кампањата моментално се води само на интернет со промовирање на постерот со повик, а во рамки на кампањата е отворена и страна на социјалната мрежа Facebook.

OhridNews