И покрај бројните упатени обвинувања до екс локалната власт и опозиционите партии, новата локална власт, како и централната во изминатите осум години, продолжија со исто темпо на урбанизација, рече на денешната прес конференција претседателот на општинската ВМРО- НП, Ванчо Костоски.
– Во изминатите неколку месеци донесоа повеќе планови за централното градско подрачје каде беа изградени висококатници. Ние како политичка партија кажуваме дека Охрид и Македонија треба да се урбанизираат, бидејќи има уште многу за урбанизација и затоа што тоа е процес кој не застанува. Има повеќе приградски населби кои сеуште немаат детални урбанистички планови, да не зборуваме за селата и населените места од кои ниту едно не е урбанизирано, рече Костоски.
Костоски се осврна и на долгот на општината. Како што рече, и по една година од доаѓањето на новата локална власт нема точна бројка за износот на долгот.
– Најмалку 50% од долгот на општина Охрид е од изградба на фирми и објекти од времето кога во Охрид ДПМНЕ беше на власт. Би ги споменал 4 милиони евра, долг за МЕАП проектот за водоснабдување на Охрид и Струга, направен во 2000 година, кога во Охрид градоначалникот беше од редовите на ДПМНЕ. Би го спомнал и големиот проект за изградба на колекторскиот систем, 7 милиони евра кон фирмата „Гранит“. Наместо ДПМНЕ да пристапи кон враќање на овие долгови или кон раздолжување, согласно законските прописи градоначалникот требаше да направи програма за раздолжување, која досега не ја видовме, рече Костоски.
Костоски со предлог како да се намали долгот на општината.
– За два до три месеци новата влада во која ќе учествува и ВМРО-НП ќе додели грант за раздолжување,за парите кои влегуваат во општинскиот буџет да се користат за решавање на инфраструктурни проблеми. Дел од долгот кон „Гранит“ да се исплати со пари, но за поголемиот дел да се понуди државно неизградено земјиште, ослободено од комуналии, рече Костоски.
Тој уште еднаш го повика носителот на кандидатската листа за 5- та ИЕ од ВМРО- ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на тв дуел на кој би се рагзоварало за долговите на општината, раздолжувањето, деспотизмот во Кичево, за партиските активности на Милошоски, колку пати во собранието го имал споменато Охрид, како и за актуелнат аафера за Македонска банка.
OhridNews