ВМРО – Народна партија од Охрид ќе поднесе предлог иницијатива за отпочнување со изградба на Музеј на Езерото. Како што велат, целта на овој проект ќе биде едукација на младите поколенија за тоа какво богатство од флора и фауна поседува Охридското Езеро.

Со овој проект, сите ние како жители на овој регион ќе придонесеме за негова заштита и зачувување на езерото, како на идните генерации би оставиле еден природен и недопрен биорезерват со ендемични врсти на флора и фауна и секако ќе претставува нова туристичка понуда, велат од ВМРО Народна партија.

Додаваат дека ќе бараат локацијата да ја обезбеди Локалната самоуправа.

OhridNews