Општинската организација на ВМРО-Народна партија од Охрид во денешното писмено соопштение упатено до медиумите реагира дека двете линии од општинскиот линиски превоз кои ги воведе Охридската локална самоуправа не се нови.

-Колку за потсетување, на иницијатива на советниците на ВМРО – Народна партија пред една година беше донесена одлука за организирање на градски линиски превоз и беа воведени две линии. Тие две линии функционираа два месеци, но откако дојдоа новите струкури на власт во Охрид, од десега непознати причини ги укинаа тие линии, за денес да видиме како сакаат повторно да воведат такви, пишуваат од ВМРО-НП.

Од таму потенцираат дека работите кои се јасни и кои се видливи не можат да се сокријат.

-Тоа се работи за кои најголем сведок се граѓаните. Нив не моежеме да ги избришеме од историјата, потенцираат од ВМРО-НП.

OhridNews