ВМРО-НП: Судот одби да го впише Георгиевски како партиски лидер
06.05.12 19:18
Судот одби да го впише Љубчо Георгиевски за претседател на ВМРО – Народна партија и на лидерското место го враќа Марјан Додовски, тврдат од партијата.
Велат дека наместо законски предвидените 15 дена, постапката за упис на промената на претседател траела два ипол месеци.
„Судот ,во форма на спротиставена страна насила го враќа Марјан Додовски за претседател на партијата ! Истиот тој Додовски,кој јавно се откажа од партијата човекот кој јавно си даде оставка од претседател на партијата.Марјан Додовски кој јавно и нелегитимно се обиде да ја распушти партијата,а сега е и официјален член на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на град Скопје. Нашата партија нема да потклекне на ваквите ниски удари и напоменуваме: ВМРО-Народна партија има легитимен претседател,а тоа е господинот Љубчо Георгиевски!“, велат од ВМРО-НП.
Од партијата велат дека за ова ќе го известат и странскиот фактор.
Експретседателот на народна, кој неодамна го објави згаснувањето на оваа партија и премина во ВМРО ДПМНЕ, во својата реакција истакна сека Љубчо Георгиевски може да формира партија СДСМ-Народна доколку сака враќање во политичкиот живот на Македонија, бидејќи ВМРО-Народна партија премина во ВМРО-ДПМНЕ.
-Вистината е дека јас како претседател, заедно со 80 отсто од членовите на Централниот комитет, заедно со генералниот секретар се вративме во ВМРО-ДПМНЕ, па ако господинот Георгиевски сака да се врати активно во политичкиот живот треба да формира нова партија, која му порачуваме да ја крсти СДСМ-Народна“, изјави Додовски пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
Системот за безбедност во сообраќајот „Safe city“ на територијата на СВР Охрид која ги опфаќа општините Кичево, Дебрца, Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Охрид стапува целосно во функција на 12 окто...
Денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер Максималната темпера...
Продолжува чествувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание во Охрид Во рамки на програмата подготвена од Општина Охрид вечерва од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отворена...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.