Доделувањето на стипендии на талентираните студенти е сосема исправна постапка и како таква ВМРО – Народна партија ја поздравува и поддржува. Но, јавноста знае дека и во претходните години студентите и талентираните спортисти добиваа финансиска помош од Општина Охрид и пред доаѓањето на Бакрачески на градоначалничкото место, велат од општинската ВМРО- Народна партија.

– Проектот за стипендирање на студентите не започна минатата година како што Општина Охрид има истакнато на својата интернет страна туку тој проект е на предлог на ВМРО – Народна партија и се реализира уште од 2006 година. Присвојувањето на проектите од минатото е единствената работа на сегашната локална власт. Ништо ново ниту донеле ниту можат да донесат. Светот не почна да постои со доаѓањето на ДПМНЕ и на Никола Бакрачески. И пред тоа Охрид живееше, велат од ВМРО- НП.

Во врска со изнесеното од ВМРО- НП реакции од локалната самоуправа и општинската ВМРО- ДПМНЕ.

– И благодариме на ВМРО- НП за јавно дадената поддршка на активностите на власта, само тука цениме дека е потребно , нив и јавноста да ги информираме дека новата власт редовно ги исплаќа стипендиите на студентите, а истовремено ги исплаќа и заостанатите неисплатени средства кои останаа како наследство од минатата власт, чиј дел беше и Народна Партија. За разлика од порано, стипендистите сега ги добиваат партие кои им се доделени, велат од локалната самоуправа.

Вообичаено , ВМРО-НП го критикува секој добар проект реализиран од градоначалникот Никола Бакрачески  кој е во полза на младите охриѓани,  настојувајќи  успесите на новото локално раководство на  ВМРО- ДПМНЕ да си ги препише на сопствена сметка, реагираат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ .

– Факт е дека  за прв пат во историјата на Охрид по иницијатива на  градоначалникот Никола Бакрачески , Општината  почна да доделува стипендии за талентирани ученици и  студенти. Уште подобро е што локалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ создава услови бројот на добитници на паричната помош во континуитет од година во година да расте. Општината од 2006 година доделуваше помош, но само за студенти  и тоа од социјално ранливите семејства . Значи талентираноста не беше еден од основните критериуми за доделување на надоместокот. Стипендиите за основците и средношколците  воопшто не се доделуваа, односно  проектот  за прв пат го воведе градоначалникот Никола Бакрачески, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews