Откако смени неколку функции, Зоран трајчевски вчера беше изгласан за претседател на Советот за радиодифузија. Тој во Советот влезе како предлог на претседателот Иванов. Предлогот за претседател да биде избран Трајчевски, беше повикан од искуството на неговите менаџерски способности, стои меѓудругото во реакцијата на општинската ВМРО- Народна партија во врска со вчерашнот избор на Трајчевски за нов претседател на Советот за радиодифузија.

Само да потсетиме дека истиот Зоран Тајчевски беше директор на Агенцијата за електронски комуникации, владин претставник во “Телеком”, претседател на Советот на општина Аеродром од редовите на ДПМНЕ. Исто како и при изборот за претседател на Советот за радиодифизуја, така и кога беше поставен за директор на охридски ЕМО беше најавен како човек со високи менаџерски способности и човек кој ќе го спаси ЕМО. Но, само после неколку месеци самиот си поднесе неотповиклива оставка, најверојатно откако сам ги согледа своите способности. Сега власта комплетно ја има контролата и во Советот за радиодифузија, тело кое секаде во светот е независно, велат од ВМРО- НП.

Како што оттаму велат, со поставување кадри со вакви “менаџерски споспобности” тешко дека ќе се поправи лошата состојба во медиумскиот простор, за што не критикува и Европската унија.

OhridNews