Владата на ДПМНЕ, предводена од премиерот Никола Груевски, конечно се смилува и после шест години владеење, реши да инвестира во Охрид, велат од општинската ВМРО- Народна партија.

 – Граѓаните на Охрид, деновиве како подарок од Владата добија автобус, современ во рамките на можностите и способностите на Владата на Република Македонија. Автобусот, кој можете да го погледнете на фотографиите, е во одлична возна состојба и комоцијата во него е повеќе од добра. Граѓаните на Охрид конечно ќе можат да се превезуваат со современо превозно средство. Исто така, новиот автобус беше пренесен од Скопје до Охрид, по новиот автопат кој го изгради Владата, а го имаше ветено на граѓаните уште во изборната програма во 2006 година, се наведува меѓу другото во соопштението од општинската ВМРО-НП, во врска со доделувањето на автобусот на општина Охрид.