ВМРО – Народна партија остро се спротивставува на намерата на власта да земе дел од имотот на црквата околу манастирот Св. Наум.

– И покрај тоа што откупната цена која се споменува е понижувачки пониска од реалната, сметаме дека тоа земјиште не смее да припаѓа на никој друг освен на црквата, велат од општинската ВМРО-НП.

Оттаму додаваат дека без разлика која е намерата на власта , тоа земјиште е во сопственост на црквата и таа треба да го поседува.

– Насилното одземање на земјиштето уште еднаш ќе го покаже авторитативниот и диктаторски начин на владеење на оваа власт, велат од партијата.

Од ВМРО-НП ја повикуваат владеачката ВМРО-ДПМНЕ, да ја покаже својата, како што велат, демохристијанска идеологија,  да покаже совест и да не влегува во спорови со црквата.

Од ОК на ВМРО – Народна партија додаваат дека целосно застануваат на страна на црквата и се надеваат дека правдината на крај ќе победи и црквата по институционален пат ќе успее да го задржи своето земјиште.

OhridNews