Од општинската ВМРО- НП со загриженост реагираат на настаните во изминатите три дена.

– Се покажа дека Македонија Пат и државата се целосно неспособни да се справат со пробивање на еден патен правец во земајва цели три дена, а притоа граѓани останаа заробени во снегот и по повеќе од 20 часа. Доколку го оставиме популизмот настрана јасно е дека освен акциите кои се правеа пред камерите друго сериозно нешто не се направи, а стотици граѓани, меѓу кои и мали деца и болни луѓе патуваа од Кичево до Охрид повеќе од 20 часа, велат од ВМРО-НП.

Тие сметаат дека подобро ќе беше власта да скратеше само еден споменик од милион евра и да купела опрема за чситење снег, со што Охрид не ќе беше отсечен од светот повеќе од три дена.

OhridNews