Во деловите каде што беа ветени инвестиции за Охрид со рокови, од страна на владеачката ВМРО- ДПМНЕ речиси ништо не е остварено, велат од општинската ВМРО- Народна партија, нагласувајќи дека преку соопштенија ќе продолжат да ја потсетуваат ВМРО- ДПМНЕ на зборовите напишани во програмата 2008- 2012 со која побарала мандат од граѓаните.

Во својата програма имаа ветено изградба на две фудбалски игралишта и изградба на еден олимписки базен на територијата на Општина Охрид. За жал, иако одамна поминаа роковите кои ги имаа напишано во “проширената и надградена” програма, до денес Охрид не виде ништо од тие инвестиции. Иако се уште ДПМНЕ говори дека помага за развојот на Охрид, доколку пролистаме низ нивните програми и прочитаме што тие ветуваат на избори, а што вусшност остваруваат после избори, јасно може да се види дека власта упорно и свесно го кочи развојот на најголемиот туристички центар во земјата, велат од ВМРО- Народна партија.

Оттаму апелираат до Владата да не го употребува Охрид само во промотивните спотови, туку малку и да инвестира во него, со што ќе се подобри излгедот на градот.

OhridNews