Сосема ја разбираме нервозата во редовите на ВМРО – ДПМНЕ заради постоењето на ВМРО – Народна партија како единствен политички субјект со десна идеологија во Република Македонија, стои во дописот испратен од ВМРО- НП по вчера изнесените обвинувања дека Локалниот младински совет е составен од членови од ВМРО- ДПМНЕ и реакциите кои пристигнаа од општинската ВМРО- ДПМНЕ и кабинетот на градоначалникот.
– ВМРО – ДПМНЕ со потенцирањето бројки го враќа неокомунизмот во Македонија. Тие лоши времиња, каде сите мораа да членуваат во една партија, за жал денес токму сегашното ДПМНЕ сака да ги наметне повторно. Ние секогаш сме се бореле против едноумието, така ќе биде и во иднина. Сакале или не, ВМРО – Народна парија ќе постои уште долго и секогаш ќе биде тука да дава предлози и идеи, да ги искажува своите ставови, но и да го критикува она што спротивно на интересите на граѓаните, велат од ВМРО- НП.
Оттаму додаваат дека првиот чекор кој ВМРО – ДПМНЕ треба да го направи кон чесноста е расчистување со досието „Рашомон“, а во Охрид да расчисти со многуте „рашомоновци“ кои се во раководните структури.
OhridNews