Од општинската ВМРО- Народна партија обвинуваат дека претседателот на на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов се почесто оди на семинари во странство, како што велат од ВМРО-НП, придружуван од неколку негови блиски луѓе.

– Дали е потребно, кога граѓаните во Охрид сеуште, веќе неколку години, ја очекуваат болницата, парите од здравството да се трошат на вакви службени патувања? Кои се искуствата кои таа екипа, предводена од Атанаско Михаилов, ги стекна на овие семинари?! Имаат ли каде да ги пренесат?! Нели е доволно што службените возила ги користат за приватни цели, па сега мораат и малку да прошетаат во странство?! Се надеваме дека министерот за здравство, претседателот на ДПМНЕ од Охрид ќе го смести на некоја од листите на најдобри и најобразовани доктори во Македонија, стои во писмената реакција од ВМРО- НП.

Оттаму додаваат дека некоректно е ДПМНЕ парите од граѓаните да ги троши на нерационален начин, за прошетка на своите функционери.

OhridNews