ВМРО – Народна партија му го честита изборот на Зоран Ногачески за претседател на Општинската организација на СДСМ во Дебарца.

– Вратите за соработка со ВМРО – Народна партија секогаш се отворени за господинот Зоран Нагочески. Тука сме заедно да ги разгледаме позитивните идеи за подобро утре. Имаме целосно разбирање за неговите постапки. Од истите причини, ние во 2004 година ја формиравме ВМРО – Народна партија, велат од ВМРО-НП.

Оттаму додаваат дека полека започнува освестувањето за узурпирацијата на партијата која своевремено ја основале граделе.

– Се наѕира денот кога во ДПМНЕ нема да остане ниту еден нејзин основач. Вистината која ја говориме веќе девет години, полека испливува на површина. Охридската и македонска јавност да не биде зачудена во иднина на ваквите потези и на други стари вмровци, велат од општинската ВМРО-НП.