Веќе неколку дена со ред, жителите на Велгошти немаат вода, обвинува ВМРО НП.

– На сред лето, во најголемите горештини, тие се оставени без вода за пиење и извршување на основните хигиенски потреби. Над три илјади жители се оставени да се снаоѓаат. Институциите мора да се грижат заа сите граѓани подеднакво. За жал тоа е реалната слика за животот во Охрид.-стои во соопштението.

ВМРО НП ги повикува надлежните институции што побрзо да го решат овој проблем и да им обезбедат вода на велгоштани.

-Сметаме дека, доколку има желба, технички е возможно да се раши проблемот со водата во Велгошти, а жителите да живеат во нормални услови. Не смееме да дозволиме на градот да му се случуваат вакви работи, а да зборуваме за нов и модерен Охрид.-додаваат од ВМРО НП.

OhridNews