Коалицијата ВМРО за Македонија изрази задоволство од текот на кампањата и оптимистички го очекуваат денот на изборите.
-Наидуваме на голем одзив и прием кај граѓаните. Очигледно е дека тие се подготвени за промена на власта во Република Макесдинија и ни ја даваат се повеќе подршката нам. Ние не правиме мегаломански митинзи, но одиме од врата до врата на терен и се среќаваме со граѓаните. Нашата цел е исполнета, а тоа е освоЈување на најманлку 13 пратенички места, така да после 11-ти ние ќе бидеме клучниот фактор во составувањето на новата влада. – истакна Ванчо Костоски, кандидат за пратеник во 5 И.Е., на завршниот прес што денеска се одржа во Охрид.
Костоски рече дека главна цел на коалицијата ВМРО за Македонија е враќање на демократијата во Македонија, како во општествениот живот така и во економијата.
-Сетете се само дали во времето на владеењето на премиерот Љубчо Георгиески имаше вакви драконски казни и казнувања, напротив немаше ставка за глоба за фирмите. – додаде Костоски.
Тој најави дека коалицијата ВМРО за Македонија планира многу проекти за Охрид, како што тоа го направи во периодот од 1998 до 2002 година.
-Античкиот театар, Плаошник, Самоилови тврдини, Горна порта, старото пристаниште, туристичкиот пат Охрид – Св. Стефан, чаршијата…, а да не ги споменувам нафтоводот Солун – Скопје, заштитата на Дојранско Езеро, реконструкција на битолската чаршија и многу други. Ние не мафтаме со програми од 500-600 страни туку реализираме конкретни проекти кои актуелната власт не може ниту да ги замисли ниту да ги реализира за 40 години. – изјави Костоски.
Одговарајќи на новинарско прашање кандидатот за пратеник Костоски рече дека очекува изборниот ден во недела да мине мирно и во фер и демократска атмосфера.
-Доколку повторно се обиде актуелната власт да врши притисоци и поткуп на граѓаните како во минатото, тоа многу негативно ќе се одрази на државата и на нејзините евро-атлантски интеграции. – предупреди Костоски.
OhridNews