
-Ако е тоа нејзиниот став тогаш имаме да изјавиме две работи. Прво срамно е човек кој што е избран за пратеник од членови и подржувачи на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во време кога СДСМ задава сериозни удари на власта, да ја напаѓа својата партија и така всушност да одработува за интерес на власта. Второ, сметаме дека ако таа навистина ова го мисли единствено решение е да си поднесе оставка од функцијата пратеник на Социјалдемократскиот сојуз во Собранието на Република Македонија.-изјави одговарајќи на новинарско прашање напрес конференција, Шилегов.
Савова подоцна во изјава за „Нова“ истакна дека мандатот може да му го врати само на тој што и го дал, а тоа е народот.
OhridNews











