Петмина вработени во МВР се суспендирани од Внатрешната контрола, потврдија за Макфакс од полицијата. Од полицијата уште информираат дека не станува збор за мерки и активности на формираната работна група која треба да ги расчисти настаните што се случија  на 27 април во Собранието РМ.

 

Од МВР велат дека суспендирањето е на барање на внатрешната контрола.

Неофицијално, сите петмина се вработени во Секторот за обезбедување познат како Шеста управа,  за нив е утврдено дека не интервенирале кога неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја отвориле главната врата на Парламентот на демонстрантите и тие влегоа внатре.